Фото: Pixabay
Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, прометот во трговијата на мало, во 2016 година, номинално бележи пораст, особено во групите/класите: Трговија на мало со непрехранбени производи, освен горива и Трговија на мало, освен горива, додека реално, прометот во трговијата на мало бележи опаѓање во групите/класите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун и Трговија на мало со моторни горива.
Индикаторите за промет во трговијата го мерат прометот во трговијата на големо и трговијата на мало и тоа во форма на номинални и реални (ценовно прилагодени) индекси, а не во апсолутни износи. Поради тоа, индикаторите служат исклучиво за следење на динамиката (развојот), а не за оценка на нивото на прометот.
Податоците што се објавуваат се дефинитивни податоци пресметани врз база на 2010 година (базна година) и во споредба со ист месец од претходната година. Пресметаните индекси не се прилагодени (сезонски, календарски и по работни денови).