Фото: Pixabay
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во април 2017 година, во споредба со април 2016 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 1%, а реално за 0,6%) и Трговија на мало, со автомобилски горива (номинално за 17,3%, а реално за 6,9%).
Намалување на прометот е забележано во групите Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 13,6%, а реално за 11,5%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 7%, а реално за 7,1%).