Промет во трговијата на мало во февруари

16

Во трговијата на мало во февруари, во однос на истиот период лани, е забележано зголемување на прометот во повеќе групи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 13,1%, а реално за 13,4%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 31,2%, а реално за 27,8%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 22,8%, а реално за 22,1%).