Промет во трговијата на мало во ноември

28

Во трговијата на мало, во ноември 2015 година, во споредба со ноември 2014 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 17,9%, а реално за 11,7%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 9,3%, а реално за 8,6%), покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 0,7%, а реално за 0,8%).