Промет во трговијата на мало во октомври

23

Во трговијата на мало, во октомври 2015 година, во споредба со октомври 2014 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 12,7%, а реално за 6,4%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 4,3%, а реално за 4,6%), покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 5,1%, а реално за 5,4%).