Прометот и пазарната капитализација на берза во плус оваа недела

49

Вкупниот промет на Македонска берза, во период од 19-ти до 22-ри октомври, достигна 1.115.560 евра или 8,49% повеќе во однос на претходната недела, покажува Неделниот преглед.

Кај вкупниот број на трансакции (237) оваа недела има пад од 12,87%.

Пазарната капитализација оваа недела се позиционираше на 3.310.952.431 евра, што е за 0,25% повеќе на неделно ниво. На последниот трговски ден од оваа недела, пазарната капитализација беше 1.822.164.673 евра или 2,42% помалку воспоредба со истиот период минатиот месец.

Индексот МБИ 10 на 22-ри октомври беше 4.399,64 поени или 0,11% повеќе од претходната недела.

Пет најтргувани акции во неделата што е зад нас се оние на: Комерцијална Банка, Гранит, Алкалоид, НЛБ Банка и Макпетрол.

Фото: Freepik