
Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 10.3 % во декември 2025 година во однос на декември 2024 година, објави Државниот завод за статистика.
Во декември 2025 година прометот во индустријата, вкупно, во однос на декември 2024 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.8 %, Капитални производи за 20.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.7 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 13.2 %.
Прометот во индустријата, вкупно, во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, бележи опаѓање од 3.1 %, додека во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на периодот јануари – декември 2024 година, бележи пораст од 5.6 %.
На домашниот пазар во декември 2025 година прометот во индустријата , во однос на декември 2024 година, бележи пораст од 6.9 %, додека во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на периодот јануари – декември 2024 година, бележи пораст од 0.6 %. Прометот во индустријата на странските пазари во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, бележи пораст од 11.4 %, додека во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на периодот јануари – декември 2024 година, бележи пораст од 6.8 %.
Најголемо влијание врз порастот на вкупниот промет во индустријата во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, имаат одделите:
- Производство на прехранбени производи со 6.1 %
- Производство на метали со 5.9 %
- Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место со 29.3 %











