
Прометот од продажбата на услугите е зголемен за 3.5 % во второто тримесечје од 2025 година во однос на истото тримесечје од претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Во второто тримесечје од 2025 година, во однос на истото тримесечје од 2024 година, зголемување на прометот во услугите се забележува во сите сектори, најголемо е во секторот Административни и помошни услужни дејности од 6.8 %, а потоа следи секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна во кој зголемувањето изнесува 6.6 %.
Главни поенти
Во второто тримесечје од 2025 година, во однос на истото тримесечје од 2024 година, најголем пораст од 6.8 % во прометот на услугите има во секторот Административни и помошни услужни дејности.
Фото: Pixabay











