Промоција на македонските преработки од овошје и зеленчук во Шведска

32

zimnica-002-midiКомпании од земјава, преработувачи на овошје и зеленчук, од денес ќе престојуваат во Стокхолм, Шведска, каде ќе ги претстават извозните потенцијали на Македонија. Организатори на престојот се Амбасадата на Република Македонија во Стокхолм и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.

Македонските компании ќе имаат презентација пред претставници на најголемите маркети, увозници и дистрибутери на храна на шведскиот пазар, маркетинг агенции, ТВ водители на специјализирани емисии за храна и списанија за прехранбени производи.

Компаниите предводени од амбасадорот Кире Илиоски ќе се промовираат во седиштето на ICA Group, лидер во малопродажбата на прехранбени производи во скандинавските земји и во дистрибутивните центри на COOP и SEVAN.

“Претстојната посета на македонските компании Ларс, Випро, Вори, Универзал промет и Бонум и нашиот заеднички настап во Кралството Шведска ќе придонесе за успешно промовирање на македонската прехранбена индустрија и зголемување на пласманот на македонски производи на шведскиот пазар. Наша заедничка цел и значаен предизвик е се поголемо присуство на македонските прехранбени производи на полиците во водечките шведски маркети кои се дел од групациите ICA Group, COOP и Axfood”, рече амбасадорот Илиоски.