Промоција на публикацијата за здравствени ефекти од загадениот воздух

17

Во планинарскиот дом Даре Џамбаз, на врвот на планината Водно, денеска на пладне ќе се одржи промоцијата на публикацијата за здравствените ефекти од цврстите честички.
Трудот е објавен во рамките на Националната програма за јавно здравје на Република Македонија, а во неа се сумирани доказите за здравствените ефекти од загадувањето на воздухот од цврстите честички и нивните импликации за креаторите со цел поттикнување на развој на повеќе ефектни стратегии за да се намали загадувањето на воздухот и неговите здравствени ефекти.