Промоција на софтверски решенија во Тетово

15

veb-konferenciiВо Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, денес ќе бидат промовирани три софтверски решенија за подобрување на домашната економија преку обезбедување на полесен пристап до информации за бизнис секторот.

Овие софтверските решенија се дел од Конкурентност.мк, кој е портал на единствениот Национален електронски регистар на прописи – ЕНЕР и порталот за промоција на извозот.

Решенијата се изработени со помoш на проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот – IDEAS, а во соработка со Министерството за економија, Министерството за информатичко општетство и администрација и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.