Промоција на воспоставувањето кириличен домен (.мкд)

14

Воспоставувањето на националниот кириличен домен (.мкд) ќе биде промовирано денеска во меѓународниот интернет простор.

Со овој домен ќе можат да се регистрираат интернет страници на кирилично писмо, опфакајќи ги и карактеристичните букви од македонската азбука како љ, њ, ѓ, ж, ч, ш, и џ.

Македонија е петта земја во светот која воспоставува национален кириличен домен на кирилица, по Русија, Србија, Казахстан и Монголија.