Промовирани 100-те најголеми компании во северозападна Македонија

19

biznis

По петти пат беа промовирани 100-те најголеми компании кои работат во северозападниот дел на Македонија, пишува Миа.

Изборот го организира Стопанската комора на северозападна Македонија, а се врши преку каталог што содржи анализа на потенцијалот на компаниите на домашен пазар и придонесот во вкупниот Бруто домашен производ на земјата.

“Радува фактот што прометот на најголемите 100 компании во северозападна Македонија за 2014 година изнесува околу 600 милиони евра, при што нето – приходот изнесува 33 милиони евра, а бројот на вработени е речиси 5.000, што е доказ за развојот на овие компании, благодарение на мудрите бизнис одлуки и стратегии на нивните менаџери и квалитетниот избор на човечки ресурси ангажирани во нив“, рече министерот за економија Беким Незири.

Меѓу најуспешните за 2014 година се вброија Нептун, Алма – М, Ге – Мак, Принце, Пофикс и др.