Пронајдено коњско месо и во ќофтињата во рестораните на ИКЕА

36

tumblr_misac4pMyj1qd4vugo1_500ИКЕА, шведскиот гигант во производство на мебел, е последна во низата компании вмешани во скандалот со коњско месо.

Имено, чешката ветеринарска управа пронајде ДНК од коњ во месните топчиња означени како говедско и свинско месо од ИКЕА, пишуваат европските медуими.

Откако анализите покажале дека во рестораните во Чешка има траги од коњско месо, шведскиот гигант ги повлекол ќофтињата од рестораните во 14 европски земји, бидејќи се снабдуваат со месо од ист произведувач.

Ова е првпат коњско месо да биде најдено во производи од Шведска. Според шведскиот Завод за прехрамбени производи, чешките надлежни органи ја известиле фирмата Дафгорд, производителот на ќофтињата, дека при направените анализи е најдена ДНК од коњ во месото.

Поради ова целата пратка од 760 килограми, односно пакувањата на смрзнати топчиња од еден килограм, е повлечена пред да биде пуштена во продажба.

Покрај мебел ИКЕА има и посебни ресторани каде се продава типична шведска храна.