Пропуст остави третина од смартфоните во светот ранливи на прислушување

111

Ранливост во чипот, произведен од тајванскиот технолошки гигант MediaTek, ги остава корисниците на една третина од активните паметни телефони и уредите за IoT во ризик да бидат прислушувани, објави „Forbes“, цитирајќи извештај.

Проблемот лежи во делот на чипот кој е одговорен за аудио сигналот, велат истражувачите од израелската компанија за сајбер безбедност Check Point. Нападот бара инсталирање на малициозен софтвер на целниот телефон или друг уред. Кога тоа ќе се случи, хакерите можат да ги прислушкуваат разговорите и корисникот преку микрофонот.

Според компанијата, погодени се телефоните со оперативен систем Android, главно моделите Xiaomi и Oppo.

Добрата вест е што израелската компанија предупреди за протекувањето и MediaTek веќе најде начин да го „закрпи“ проблемот. Корисниците мора да ја инсталираат најновата верзија на нивниот оперативен систем.

Производителот на чипови исто така ги советува корисниците да инсталираат софтвер само од Google Play Store и да не отвораат сомнителни врски.

Минатата година Check Point откри слабости и кај чиповите на Qualcomm.