Просечна исплатена нето плата во октомври изнесува 23.356 денари

18

denari-1

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во октомври оваа година, изнесува 23.356 денари, додека во бруто износ е 34.266 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемена за 4%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (29,3%), Рударство и вадење на камен (10,5%) и Преработувачка индустрија (7,9%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (4,9%), Транспорт и складирање (4,1%) и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3%).

Во октомври 2017 година, 1,6% од вработените во Република Македонија не зеле плата.