Просечна камата од 4,17% на вкупните кредити одобрени на корпоративниот

36

Просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор е намалена за 0,05 процентни поени (п.п.) овој месец и изнесува 4,17%, покажуваат податоците на Народната банка.

Притоа, надолната промена се должи на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,06 п.п.), каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,04 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,01 п.п.). Оваа каматна стапка е пониска за 0,46 п.п., во споредба со истиот период претходната година.

Во декември 2019 година, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор оствари месечен пад од 0,20 п.п и се сведе на 3,80%. Месечниот пад е резултат на надолното поместување кај каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,22 п.п. и 0,09 п.п., соодветно), додека каматните стапки на кредитите во странска валута се зголемени (за 0,31 п.п.). Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,50 п.п.

Кај просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, во декември, е забележана месечна надолна промена од 0,03 п.п. и таа изнесува 1,53%. Надолната промена се должи на падот на каматните стапки на сите компоненти, и тоа на: депозитите во денари без валутна клаузула (за 0,05 п.п.), депозитите во странска валута (за 0,03 п.п.) и депозитите во денари со валутна клаузула (за 0,02 п.п.). Просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е пониска за 0,16 п.п., во споредба со декември 2018 година.

Просечната каматна стапка на новопримените депозити5 на корпоративниот сектор, овој месец, се сведе на нивото од 1,11% и во однос на минатиот месец се намали за 0,08 п.п. Падот во целост произлегува од намалувањето кај каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,15 п.п.), при зголемени каматни стапки на денарските депозити без валута клаузула (за 0,07 п.п.) и непроменети каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула. На годишна основа, оваа каматна стапка е зголемена за 0,07 п.п.

Фото: Pixabay