Просечна плата во светот: Во Швајцарија 4.840, во Сирија 85 евра, а каде сме ние?

274

Просечната месечна нето плата во Швајцарија е 4.840 евра, што е највисока во светот, покажуваат податоците на Numbeo. Од другата страна на светот, најниска е просечната месечна нето плата во Сирија и изнесува само 85 евра.

Земји коишто може да се пофалат со највисока просечна нето плата, освен Швајцарија, се: Норвешка (2.867 евра), САД (2.838 евра), Исланд (2.815 евра) и Сингапур (2.798 евра).

Од земјите во регионот, највисока е просечната нето плата во Словенија – 1.068 евра. Во Хрватска изнесува 757 евра, додека во Грција просекот е 701 евро. Во подобра позиција од нас се и: Бугарија (505 евра), Црна Гора (465 евра), Босна и Хецеговина (429 евра), Косово (413 евра) и Србија (372 евра). Според податоците, просечната месечна исплатена нето плата во земјава е 334 евра, додека под нас е само Албанија со 305 евра.

На дното на листата, освен Сирија, се и: Непал (175 евра), Египет (178 евра), Пакистан (180 евра).

Фото: Pixabay