Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, изнесува 101.0. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6,3%, Tранспорт и складирање за 6,1% и Дејност на здравствена и социјална заштита за 3,6%.
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 9,6%, Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 6,4% и Градежништво за 4,5%. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2013 изнесува 30.902 денари.
Во ноември 2013 година, 2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.