Просечната исплатена нето плата во јули е 21.861 денари

19

denari

Просечната месечна исплатена нето плата во јули оваа година изнесува 21.861 денари, додека бруто износот е 32.145 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во јули оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 2,4%.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11%), Други услужни дејности (9,9%) и Рударство и вадење на камен (4,6%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (10,2%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4,2%) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4,2%).

Во јули 2015 година, 1,7% од вработените во Република Македонија не примиле плата.