Просечната исплатена нето плата во мај е 22.889 денари

18

denari-1

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во мај оваа година изнесува 22.889 денари, додека во бруто износ е 33.640 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, е зголемена за 2,5%.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (14,2%), Стручни, научни и технички дејности (5,8%) и Преработувачка индустрија (5,5%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (5,2%), Рударство и вадење на камен (4,5%) и Градежништво (4%).

Во мај 2017 година, 1,2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.