Просечната нето плата во август е 21.217 денари

37

denari 123

Просечната месечна исплатена нето плата во август изнесува 21.217 денари, додека бруто износот е 31.080 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Зголемување од 0,5% се забележува кај просечната месечна исплатена нето плата во август во однос на истиот период лани.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности за 8,9%, Градежништво за 5% и Уметност, забава и рекреација за 4,8%.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво за 3,9%, Административни и помошни услужни дејности за 2,4% и Преработувачка индустрија за 2,4%.

Во август 2014 година, 1,4% од вработените во Република Македонија не примиле плата.