Просечната нето плата во август е 22.912 денари

26

50-evra-pixabay-lupa-580x387

Фото: Pixabay

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во август оваа година, изнесува 22.912 денари, додека во бруто износ е 33.675 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во август оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемена за 2,8%.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (32,7%), Уметност, забава и рекреација (10,9%) и Стручни, научни и технички дејности (9,4%). Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (31,2%), Уметност, забава и рекреација (10,8%) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3,5%).

Во август 2017 година, 1,1% од вработените во Република Македонија не зеле плата.