Просечната нето плата во декември изнесува 23.357 денари

20

denari-123

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во декември 2016 година изнесува 23.457 денари, додека во бруто износ е 34.374 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, е зголемена за 3,3%. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (55,8%), Информации и комуникации (9,6%) и Градежништво (7,7%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (48,2%), Информации и комуникации (22,1%) и Стручни, научни и технички дејности (13%).

Во декември 2016 година, 1,6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.