Просечната нето плата во февруари е 21.813 денари

16

denari-580x341

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во февруари 2016, изнесува 21.813 денари, додека во бруто износ е 32.074 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во февруари 2016 година, во однос на февруари 2015 година, е зголемена за 3,4%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Градежништво (16,3%), Административни и помошни услужни дејности (11,1%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (11%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (9,2%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (7,8%) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6,5%).

Во февруари 2016 година, 1,2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.