Просечната нето плата во јули 21.013 денари

22

Просечната нето плата во јули годинава изнесувала 21.013 денари, додека бруто платата 30.851 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, нето платата е зголемена за 1,15%, а бруто платата за 1,35%.

Зголемувањето се должи на порастот на платите во секторите Рударство и вадење камен за 8,5%, Градежништво за 7,6% и Транспорт и складирање за 6,1%.

Намалување на просечната месечна нето плата во однос на претходниот месец е забележано во секторите Административни и помошни услужни дејности за 3%, Снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпадни дејности за санација на околината за 2,2% и Информации и комуникации за 1,9%.

Во јули 2013 година, 1,5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.