Просечната нето плата во јули е 22.671 денари

31

50-evra-pixabay-lupa

Фото: Pixabay

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во јули оваа година, изнесува 22.671 денари, додека во бруто износ е 33.328 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Кај просечната месечна исплатена нето плата по вработен во јули оваа година, во однос на истиот период лани, е забележано зголемување од 1,5%.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (10,4%), Рударство и вадење на камен (8,7%) и Информации и комуникации (5,6%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (13,9%), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (4,6%) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3,7%).

Во јули 2017 година, 1,3% од вработените во Република Македонија не зеле плата.