Просечната нето плата во јуни е 22.808 денари

35

dava-evra-pexels

Фото: Pexels

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во јуни 2017, изнесува 22.808 денари, додека во бруто износ е 33.509 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во јуни оваа година во споредба со истиот период лани, е зголемена за 2,8%.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (20%), Стручни, научни и технички дејности (9,8%) и Рударство и вадење на камен (7,4%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (7,5%), Градежништво (4,1%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3%).

Во јуни 2017 година, 1,1% од вработените во Република Македонија не зеле плата.