Просечната нето-плата за декември изнесувала 21.500 денари

15

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, изнесува 100.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен или 10,2%, Транспорт и складирање или 7,9% и Други услужни дејности во кои спаѓаат 5,8%.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности или 11,1%, Рударство и вадење на камен или 10,8%, како и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, односно 8,9%.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2013, изнесува 21.500 денари. Во декември 2013 година, 1,8% од вработените во Република Македонија не примиле плата.