Според податоците за мај, просечната нето плата во Србија првпат надминала 100.000 динари (854.23 евра) и тоа за 170 динари (1.45 евра), покажуваат податоците на Републичкиот завод за статистика (РЗС).
Просечната бруто плата во мај изнесува 138.332 динари,(1,181 евра) додека просечната плата без даноци и придонеси 100.170 динари (855.72 евра).
Бруто-заработката во периодот јануари-мај годинава, во однос на истиот период лани, номинално бележи раст од 15,3 отсто, односно реално 9,5 отсто, додека просечната нето-заработка номинално е повисока за 15,2 отсто, т.е. 9 ,4 проценти реално.
Во однос на мај 2023 година, просечната бруто-плата во мај годинава е номинално повисока за 16,3 отсто, а реално за 11,3 отсто, додека просечната нето-плата е номинално повисока за 16,2 отсто и реално за 11,2 отсто.