Просечната плата во Црна Гора над 700 евра

90

Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во декември, според податоците на Управата за статистика (МОНСТАТ), изнесувала 727 евра.

Износот на просечната плата бил за 0,8 отсто поголем во однос на ноември.Просечната нето плата во декември, во однос на истиот месец во 2021 година, е зголемена за 35,4 отсто.

Просечната бруто плата во последниот месец изнесувала 900 евра.

Во однос на ноември, просечната нето заработка во декември е зголемена во секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,8 отсто, државната управа и одбраната за 2,4 отсто и услугите за сместување и храна за 2,2 отсто.

Пад на просечната нето заработка во декември во однос на ноември е забележан во секторите рударство и ископување камен за 2,8 отсто, преработувачката индустрија и административните и помошните услужни дејности за по 1,7 отсто.