Просветно дело утре отвора ексклузивна продавница во Скопје сити мол

436

Со едночасовна забава на која ќе гостуваат солисти од Златно славејче, танчерски групи од балетското студио Ребис и маскотите Снежана, Штрумфета и Велештрумф, ќе биде обележано официјалното отворање на новата ексклузивна продавница на Просветно дело во Скопје сити мол. Настанот ќе се случи на 3 ноември (сабота) со почеток во 11 часот.

Станува збор за прва продавница во продажната мрежа на Просветно дело која е специјализирана за куфери, чанти, торби, детска конфекција и модни додатоци. Асортиманот е од неколку реномирани шпански брендови, со европски квалитет, а по македонски цени. Освен актуелната колекција на шпанскиот бренд Габол, за кој Просветно дело е ексклузивен застапник, потрошувачите имаат можност за првпат на едно место да најдат се за своите деца. Производите застапени во оваа продавница се дизајнирани согласно трендовите и се наменети да задоволат различни животни стилови.

Само на денот на отворањето, Просветно дело на сите кои ќе ја посетат продавницата во Сити мол (втор кат, спроти кугланата) им овозможува 15% попуст.