Прв Самит за трговија со стока за широка потрошувачка FMCG

16

 

fmcg 1

Во организација на македонската редакција на магазинот InStore денеска во Скопје се одржува првиот Самит за трговија со стока за широка потрошувачка (FMCG).

Најавено е присуство на повеќе од 250 претставници на менаџментот, секторите за набавка, трејд маркетинг, продажба од речиси 80 трговци, произведувачи, дистрибутери на FMCG производи, консултанти, агенции и компании кои водат придружни дејности.

На првиот FMCG самит ќе се споделат искуствата и знаењата за трговијата со стока за широка потрошувачка. Преку инспиративните приказни за патот од трња до ѕвезди ќе биде претставен успешниот македонски FMCG бизнис модел, а ќе се говори и за иновациите во бизнисот. Дел од програмата е посветен на дистрибуцијата, нејзината комплексност, карактеристиките на добриот доставувач и долгорочноста на трговскиот партнерски однос. Ќе стане збор за навиките на купувачот, но и за промоциите кои се атрактивни и за купувачите и за трговците. Самитот ќе се заокружи со дискусија за тоа кон каде се движи FMCG секторот во Македонија.

Тенденцијата е овој настан да прерасне во традиционален годишен настан што ќе ги собира на едно место сите клучни луѓе од секторот.