Прва Black Friday онлајн распродажба на Македонски Телеком

21

makedonski telekom

Македонски Телеком оваа година за прв пат се вклучува кон глобалната Black Friday шопинг акција со онлајн продажба. Корисниците почнувајќи од денеска, како и за време на целиот викенд, ќе може да купат одлични паметни телефони со неверојатен попуст во Play Comfort тарифата.

Во продажба ќе се понудат и два исклучително атрактивни модели на паметни телефони, коишто ќе имаат неверојатна Black Friday цена од само 1 денар.

Со вклучувањето во акцијата, којашто во светот е позната како викенд на попусти, Македонски Телеком им овозможува на своите корисници на едноставен начин, преку онлајн продажба, да го купат омилениот паметен телефон по извонредно ниски цени.