Првата 3D печатена инвалидска количка ќе се прилагодува според потребите на корисниците

39

layer-3d-printed-wheelchair-01-1020x610Лондонското дизајнерско студио Layer креираше прототип на 3D печатена инвалидска количка што ќе биде прилагодена според потребите на клиентите, пишува Curbed. Наречена едноставно Go, количката за прв пат ќе биде преставена кон крајот на месецот на дизајнерската недела Clerkenwell Design Week.

Направата е создадена од полу – транспарентна смола, термопластичен полиуретан и титаниум, ќе вклучува и некои иновативни елементи што ќе помогнат за подобра мобилност на потенцијалните клиенти. Пред да биде дизајниран проектот, главниот дизајнер Беџамин Хуберт и неговиот тим поминаа шест месеци работејќи со корисници на инвалидски колички и стручни медицински лица со цел да дознаат како можат да ги подобрат веќе постечките модели.

Еден од најголемите проблеми што им беше посочен е управувањето со количката при дожд и снег. За да се реши тоа студиото дизајнираше систем од лесни карбонски влакна што совршено се вклопуваат во количката и го прават движењето многу полесно.

Освен тоа, тркалата на количката ќе имаат и специјална облога којашто ќе обезбеди правилно држење и движење на истите. Заедно со количката ќе се продаваат и пар ракавици коишто дополнително ќе го олеснат управувањето и ќе го намалат ризикот од повреди.

Количката ќе може да се нарача преку апликација каде клиентот ќе ги наведе своите биометриски податоци со цел да се изработи модел според неговите/нејзините потреби. Откако студиото ќе ја прими нарачката до испорака ќе бидат потребни најмногу две недели.

layer-design-3d-printed-go-wheelchair-2-1020x610layer-design-3d-printed-go-wheelchair-lead-1020x399