Првата продавница на Ikea станува музеј

47

ikea prva prodavnica

Првата продавница на Ikea во градот Алмхулт во Шведска ќе биде претворен во музеј, а првите посетители ќе можат да го видат во 2015-та година.

“Првата продавница на Ikea беше отворена во Алмхулт во 1958-ма година, а во 2012-та е преселен. Тоа ни даде можност таа зграда да ја претвориме во музеј“, рече Мишел Ацуна, менаџер во Ikea.

Компанијата веќе организираше изложба за историјата на своето постоење. Оваа шведска компанија доби градежна дозвола за 3.500 метри изложбен простор и исто толку простор за посетители со ресторани и продавници за сувенири.

“Постои голем интерес за нашата 70-годишна историја“, додаде Ацуна.

Компанијата, која на почетокот продаваше само преку каталог, е формирана во 1943-та година, во тоа мало гратче со 16.000 жители, 120 километри североисточно од Малме, во рурален туристички регион.