Први вински советници во Македонија

38

Во Македонија се промовирани првите вински советници кои по спроведената обука добија сертификати за стекнатите знаења и вештини за винскиот сектор, пишува Миа.

Обуката беше спроведена од експерти од Македонија и од странство, а за неа беа користени материјали и професионална опрема за дегустација на вина.

Учесниците се стекнаа со знаења за презентација на главните агротехнички мерки за производство на квалитетно грозје, презентација на клучните постапки за винификација, зреење и полнење на виното во шишиња, опис на органолептичките карактеристики на виното, промоција на карактеристиките и квалитетот на виното преку медиумите, како и со знаења за промоција и продажба на виното.

Доделувањето на сертификатите се одржа во Винаријата Камник.