Првиот човек на Apple заработува 256 пати повеќе од просечниот вработен во компанијата

65

Платата и трошоците на првиот човек на Apple, Тим Кук, скокнаа за 28% за година дена и сега изнесуваат 14.769.259 долари. Минатата година Кук доби плата од 11.555.466 долари, а првите пет директори на Apple заедно заработиле 119,8 милиони долари.

Кук минатата година го доби статусот милијардер, благодарение на комбинацијата од својата заработка и вредноста на компанијата што ја води.

Основната плата на Кук изнесува три милиони долари, плус 10,7 милиони долари кои ги добива на име стимулации. Интересно е тоа што во 2017 година одборот на директори на Apple усвои политика Кук да лета само со приватен авион на име “безбедност и ефикасност“.

Од Apple велат дека Кук заработил 256 пати повеќе отколку просечен вработен во оваа компанија, кој заработува 57.783 долари.

Фото: Twitter