Прво тест на крв, па лет со Emirates

66

Авиопревозникот Emirates, со седиште во Дубаи, на сите патници пред да полетаат им прават анализа на крвта, како мерка за спречување на ширење на пандемијата, пренесува Business Insider.

Првите брзи тестови на патниците на аеродромот во Дубаи, се спроведени на сите патници на летот за Тунис. Резултатите се готови во рок од 10 минути.

“Развиваме планови за понатамошно зајакнување на способноста за тестирање и нивно пренесување на други летови во иднина. Тоа ќе ни помогне да правиме тестови на лице место и непосредно да дадеме потврда за патниците кои патуваат во земјата за кои е неопходна потврда за тестирање на Ковид-19“, вели Алде Ал Редха, извршен директор на Emirates.

Крвните тестови не дијагностицираат активна инфекција од коронавирусот, но проверуваат дали некој има развиено антитела против Ковид-19. Доколку тестот е позитивен, тоа значи дека личноста била изложена на вирусот и развила антитела.

Фото: Pixabay