Првото полугодие за ТТК Банка заврши со добивка од 35,7 милиони денари

20

ttk-banka

ТТК Банка првото полугодие од 2017 година го заврши со добивка во висина од 35.703.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

“Во периодот јануари – јуни 2017 година, банката оствари позитивен финансиски резултат во износ од 35,7 милиони денари и со тоа реализираше значително повисок финансиски резултат во однос на истиот период од минатата година кога истиот изнесуваше 8,8 милиони денари“, стои во Коментарот за остварените финансиски резултати.

Нето приходите од камати заклучно со крајот на јуни оваа година изнесуваа 126.894.000 денари, додека истиот период лани имаа вредност од 133.113.000 денари.

Според податоците од билансот на успех, нето приходите од провизии и надоместоци беа на ниво од 62.238.000 денари.