Првото тримесечје за Топлификација заврши со добивка од 4,5 милиони денари

32

toplifikacija

Топлификација, во неконсолидираниот биланс на успех за првото тримесечје од оваа година, прикажа добивка од 4.569.000 денари.

Истиот период лани, компанијата го заокружи со добивка во висина од 32.833.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, во период од 01.01. до 31.03. оваа година, се на ниво од 11.009.000 денари, додека во истиот период лани беа 11.209.000 денари.