Publishizer – книжевна агенција што функционира како crowdfunding платформа

24

Publishizer е холандски старт – ап со канцеларии во Амстердам и Њујорк и претставува еден вид на “книжевна агенција“ којашто им помага на авторите да ги продадат своите книжевни идеи, пишува Silicon Canals.

Стартапот функционира како онлајн платформа за групно финансирање, каде што авторите можат да продаваат копии од својата необјавена книга доколку успеат да направат 750 пред-нарачки. Со помош на алгоритми, книгите од авторите се проценуваат според квалитет, категории и пред-нарачки.

Потоа, Publishizer ја претставува книгата на издавачите и склучува договор со некои од нив.

Платформата им помага на авторите да добијат на популарност и да привлечат повеќе понуди од издавачи.

Досега преку Publishizer се продадени 73.000 копии од пред-нарачки, а со помош на групно финансирање собрани се 1,7 милиони долари. Вкупната бројка на издадени книги е 700, а моментално книжевната агенција соработува со 300 издавачки куќи на глобално ниво.

Зад иновативната идеја стои Гај Винсент, кој е извршен директор на компанијата.

Фото: Pexels