Пуштен во употреба реконструираниот базен Бисер

29

Реконструираниот базен Бисер во Општина Аеродром денеска официјално е пуштен во употреба. Реконструиран е целиот комплекс. Санирани се коритото на базенот и тоалетите, поставени се повеќе места за седење, детско игралиште за најмладите, а изграден е и нов угостителски објект. Во реконструкцијата досега се инвестирани девет милиони денари.

Базенот нуди и летни школи за пливање, ватерполо тренинзи, необични спортови во вода, натпревари во одбојка, аквабик и многу други содржини.

Базенот ќе работи секој ден од 10:00 до 01:00 часот по полноќ, ќе биде отворен до септември, а билетот за целодневно капење изнесува 200 денари, информираат од Општина Аеродром.