Путин прогласува 10 неработни денови во мај заради борба против пандемијата

26

Рускиот претседател, Владимир Путин во мај ќе прогласи 10 неработни денови со цел справување со пандемијата, којашто по официјалните податоци полека се смирува.

“Ако мислите дека тоа е потребно, денес ќе потпишам указ за тие неработни денови“, рекол Путин.

Неработните денови би биле од први до 10-ти мај.

Според директорката на руската агенција за здравје, Ана Попов, пандемијата во Русија попушта, но во последните денови со позабавено темпо.

“Практично стагнираме и во одреден број на региони постои тенденција што укажува дека ситуацијата би можела да се искомплицира“, додала таа. Според нејзиното мислење, 10-те неработни денови ќе го намалат движењето на граѓаните, а со тоа и ширењето на вируси.

Фото: Pexels