QUBIX – компактни и лесни патнички торби што заштедуваат до 66% простор

32

Qubix се ултра лесни патнички торби, што собираат се што е потребно за на пат, а во исто време заштедуваат до 66% простор. Во нив може да се понесе и цел гардеробер, но благодарение на иновативниот начин на пакување, со двојна компресија, торбите ќе бидат сосема компактни, а алиштата ќе останат средени и без набори.

Обично најголемиот проблем е тоа што откако ќе стигнете на посакуваната дестинација, при првото отворање на куферот доаѓа и разочарување од разместените и изгужвани алишта.

Qubix тоа нема да го дозволат, од причина што се останува на исто место како што било првично поставено.

Патентите на торбите се со највисок квалитет, отпорни на корозија и со неограничен век на траење.

Заедно со нив, коишто ги има во различни големини, доаѓа и даска за полесно диплење на алиштата, како и специјална торба со прегради за козметика.

Производот е дело на старт-ап од Лос Анџелес, САД, а имаше и своја кампања на платформата Indiegogo која што успешно заврши на 19-ти јули. Вкупно беа собрани 211.586 долари, а првите испораки се очекуваат во октомври.

Фото: Indiegogo