Работат под полна пареа, Хрватска вработува околу 12.000 пензионери

91

Работењето на пензионерите во Хрватска стана популарно имајќи предвид што минатата година се вработени двојно повеќе пензионери отколку во 2018 година, пишува Mirovina.hr.

Вкупно гледано, само еден процент пензионери во Хрватска ја користат опцијата вработување. Едните работат бидејќи се стручни и добро платени, додека другите “црнчат“ во трговските центри, фабрики или возат такси, бидејќи не можат да живеат со мала пензија.

Најмногу пензионери работат во трговија – околу 2.200. Скоро 2.000 се задржале во стручни и научни дејности, додека во угостителство и хотелиерство има 600 пензионери. Преработувачката индустрија вработува околу 1.500 пензионери, а повеќе од 1.000 се во градежништвото. Во образование има околу 400.

Најмногу пензионери кои работат има во Загреб. Меѓу вработените на пола работно време има околу 7.000 мажи и околу 4.000 жени.

Гледано по занимања, најмногу вработени пензионери се експерти и научници, повеќе од 2.000, додека раководители и директори се околу 1.700, а исто толку инженери и техничари.

Фото: Pexels