Работи што богатите никогаш нема да ги направат

156

Богатите имаат некакви непишани правила по кои живеат, пишува The Huffington Post. Но, не треба да сте милионер за да станувате рано наутро или да изнајмувате наместо да купувате. Можеби ако се водите по овие правила, ќе ви помогнат во напредување во кариерата.

1. Не одат во пензија ни кога ќе ги исполнат условите

Според едно истражување спроведено во САД, Американците со највисоки приходи не планираат да одат во пензија пред 70-тата година од животот. Повеќе од половината од оние што заработуваат преку 75.000 долари годишно велат дека планираат да работат иако имаат право на пензионирање, затоа што така сакаат. Некои од нив нема да работат полно работно време, но ќе останат во компаниите, можеби на некои помалку стресни позиции.

2. Не стануваат во шест наутро

Богатите не стануваат во шест часот наутро. Директорите на големите компании по правило стануваат уште во пет. Наместо да проверуваат електронска пошта, тие се подготвуваат за состаноци, а мејлот го ѕиркаат за време на петминутната пауза. Тој екстра час го користат за подготовка на проекти што се приоритет и кои ќе им донесат напредок и зголемување на платата.

3. Не ги игнорираат понудите за работа

Оние што заработуваат над просекот, по правило бараат што ќе им биде следниот чекор во кариерата. Често се подготвени да работат и на пониска позиција, ако веруваат дека во новата фирма ќе напредуваат побрзо отколку во онаа во којашто работат.

4. Не купуваат ако можат да изнајмат

Не купуваат куќа сите што го можат тоа. Важи петгодишното правило: Ако не планираш да живееш подолго од пет години во таа куќа, не ја купувај! Според агентите за недвижности, рентањето на куќи меѓу богатите е попопуларно од кога и да било.

5. Не купуваат ништо пред да ги споредат цените

Богатите внимаваат на цената на она што го купуваат. Доколку истата работа можат да ја платат поевтино во некоја продавница, тоа и ќе го направат. Никогаш не купуваат “од прва”, туку бараат поповолни услови за купување и пониски цени.

Фото: Pixabay