Работи што успешните луѓе не ги прават

35

Фото: Pexels

Способноста за контролирање на емоциите и задржување на “ладна глава” се само дел од особините на луѓето со висока емоционална интелигенција и неминовно водат кон успех.

Не живеат во минатото

Емоционално интелигентните луѓе знаат дека успехот е во способноста да се издигнат во најтешките моменти, а тоа е невозможно доколку живеат во минатото. Се` што вреди да се постигне има и свои ризици, а на минатото не смееме да му дозволиме да не сопре во продолжувањето напред.

Не размислуваат за проблемите и не им замеруваат на другите

Емоционалната состојба се темели на тоа на што обрнуваме внимание. Ако сме концентрирани на проблемите, собираме негативна енергија и стрес. Од друга страна најуспешните луѓе ретко им замеруваат на другите.

Не тежнеат кон совршенство

Успешните луѓе не целат кон совршенство бидејки знаат дека тоа не постои. Ако целта ви е совршенство, често ќе ве следи чувството на неуспех и многу време ќе поминете размислувајки за тоа што сте можеле, а не сте направиле.

Не се опкружуваат со негативни луѓе

Негативните луѓе цело време се жалат и се “отровни” доколку сме опкружени со нив. Наместо да се концентрираат на решението, пливаат во своите проблеми, а бараат друштво за да се чувствуваат подобро кога ќе ги сожалуваат. Затоа се препорачува да се дистанцирате од нив.

Не кажуваат “да” на се и секој

Истражувањата покажале дека на луѓето на кои им е потешко да кажат “не”  се многу поподложни на стрес и депресија. Успешните луѓе немаат премногу проблеми да кажат “не” директно и без заобиколувања.