Работилница на тема генерирање на идеи и бизнис модели

118

free-workshop-business-idea-generator_cover_mk

Сеавус едукативен и развоен центар (СЕДЦ) и Сеавус инкубатор, во соработка со Млади Инфо, на 16-ти март (четврток), во 16:40 часот, во СЕДЦ Бизнис симулаторот, ќе организираат еднодневна работилница на тема: Генерирање на идеи и бизнис модели, стои во соопштението.

Работилницата е специјално дизајнирана и наменета за сите заинтересирани претприемачи и стартапи коишто се занимаваат со социјално претприемништво.

Целта на оваа работилница е да се поттикне претприемачкиот дух на учесниците во насока на отворање социјални бизниси кои решаваат општествени проблем. Овие бизниси кои денес сочинуваат помалку од 5% и во најразвиените земји во светот, се иднината на т.н. нови бизниси. Покрај запознавањето со оваа проблематика, на учесниците ќе им се помогне преку практична работилница да развијат идеја и бизнис модел со кои ќе можат да аплицираат за Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award Македонија 2017.

Social Impact Award Македонија е присутна во 18 земји од светот, поддржана од Фондацијата ЕРСТЕ и Импакт Хаб Виена, а по третпат, Млади инфо ја организираат во Македонија.