Работилница за креирање мобилни апликации

22

Невладината организација ЕЕСТЕК ЛК Скопје и Студентскиот парламент на ФИНКИ организираат еднонеделна работилница за креирање и развој на мобилни апликации Code App, Level Up 2, наменета за доусовршување на способностите на студентите од техничките факултети.

“На работилницата ќе има 12 странски и околу 40 македонски учесници кои ќе имаат можност да слушаат предавања од искусни предавачи, поделени во три модули: кодирање, дизајн и претприемништво. Со тоа ќе може да ги надоградат своите познавања како студенти и да излезат како поконкурентни на пазарот“, соопшти ЕЕСТЕК ЛК.

Работилницата денеска во амфитеатарот на ФИНКИ ќе ја отвори министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски. Финалето на настанот е на 14 декември, кога тимовите ќе го презентираат својот краен продукт и како победник ќе биде избран само еден тим од стручно жири.